Македонија Ѓорче Петров со пресврт го доби Пелистер за први бодови во сезоната!

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров со пресврт слвеа над Пелистер (2-1)  и така ги освоија првите бодови во новата сезона.

Пелистер тргна одлично и по неполна минута Булатовиќ ја погоди мрежата на домаќините за 0-1. „Лавовите“ успеаа дда израмнат до крајот на првиот дел кога во гол најстрогата казна ја претвори Кристов.

Моментот на одлука се случи по нешто повеќе од еден час игр кога Гуереро погоди за 2-1.

За Македонија Ѓорче Петров ова беа први бодови во новата сезона по поразите од Струга, Шкендија и Силекс.

Пелистер од друга страна сега е на учинок од две победи и два порази.

Во вториот натпревар кој се играше во истиот термин, Тиквеш и Брера ремизираа 0-0, па така и двете екипи останаа без триумф по четири кола.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×