Македонија ЃП има двајца играчи позитивни на коронавирус

by
1 минути читање

Поради двата случаи на коронавирус во нивните редови Македонија ЃП ги откажа пријателските натпревари против Работнички и Академија Пандев се до следната недела кога ќе имаат ново тестирање.

„Им посакуваме побрзо враќање на тренинзи на нашите два играчи позитивни на Ковид-19. Играчите се дома и во добра состојба и истите немаа никакви симптоми изминативе денови.

ФК Македонија ЃП ги откажува пријателските натпревари со ФК Работнички и ФК Академија Пандев се до следната недела кога ќе имаме повторно тестирање на целата екипа да потврдиме дека сите сме негативни.

Сакаме да покажеме одговорност и пример како треба сите клубови да се однесуваме во време на пандемија!

Апелираме до сите клубови да не играат натпревари без тестирање“, стои во соопштението на клубот.

Фото: Македонија ЃП

View this post on Instagram

Им посакуваме побрзо враќање на тренинзи на нашите два играчи позитивни на Ковид-19. Играчите се дома и во добра состојба и истите немаа никакви симптоми изминативе денови. -ФК Македонија ЃП ги откажува пријателските натпревари со ФК Работнички и ФК Академија Пандев се до следната недела кога ќе имаме повторно тестирање на целата екипа да потврдиме дека сите сме негативни. -Сакаме да покажеме одговорност и пример како треба сите клубови да се однесуваме во време на пандемија! Апелираме до сите клубови да не играат натпревари без тестирање. Спортски поздрав, ФК МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ!

A post shared by ФК МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ (@fkmakedonijagp1932) on

Можно е и ова да ти се допаѓа

×