296
Шкупи немаше многу среќа во ждрепката за противник го доби Пјуник од Ерменија кој лани го елиминираше Вардар.
Ерменски противник доби и Македонија Ѓорче Петров, тие ќе играат со Алкашерт кој е помалку познат во нашата јавност.
Академија Пандев ќе игра против Зрињски од Босна и Херцеговина. Пандевци треба да се домаќини на првиот меч, а реваншот ќе се одигра во Мостар.
Шкупи и Македонија ЃП според ждрепката реваншот треба да го играат на домашен терен но тоа може да биде променето бидејќи и Шкендија вториот меч го игра дома.
Првите натпревари се играат на 11 јули, реваншите се седум дена подоцна.