Македонија ЃП го елиминира Вардар од Купот на Македонија

by
1 минути читање

Вардар во Ѓорче Петров отпатува со нерешени 1-1 по првиот дуел, „црвено-црните“ го загубија реваншот со 2-1 и го завршија настапот во купот.

Во денешниот состав на Вардар недостасуваа неколку од носителите на играта како Барсегјан, Новак, Гачевски… па очигледно фокусот ќе биде на Првата лига каде што во моментов се лидери.

Македонија поведе со гол на Кировски по 15 минути игра, Вардар изедначи преку младиот Џемал Ибиши. Кировски погоди во 62. минута уште еднаш, гол кој значеше победа за Ѓорчепетровци.

Во другите натпревари имаше изненадувања во денешните резултати, но фаворитите поминаа во четвртфиналето благодарение на оствареното во претходните дуели.

Куп на Македонија, осминафинале:

Македонија ЃП – Вардар 2:1 (1:1)

Кит Го – Шкендија 0:5 (0:2)

Академија Пандев – Брегалница 0:1 (6:2)

Беласица – Пелистер 3:1 (2:1)

Силекс – Скопје 2:1 (2:0)

Работнички – Тиквеш 1:1 (1:0)

Победа – Гостивар 4:1 (2:1)

Директно во четвртфиналето е пласиран Кораб.

Во заграда се резултатите од првите натпревари

Фото: ФК Вардар

Можно е и ова да ти се допаѓа

×