Македонија Ѓорче Петров се засили со Младеновски и Крстовски

by
0 минути читање

Македонија Ѓорче
Петров доведе две засилувања во својот тим за продолжението од сезоната, со тоа
што на позајмица пристигнаа 20 годишниот дефанзивец Марио Младеновски од бугарски Ботев, односно 23 годишниот напаѓач Марио Крстовски од
Зрињски.

Обајцата минаа
низ сите младински категории во репрезентацијата на Македонија, а Младеновски
во 2019 дебитираше и за сениорите, а се уште настапува за младинците.

„Лавовите“ по пет
одиграни кола во новата сезона од Првата лига на Македонија запишаа три победи,
но и два порази, со тоа што со 9 освоени бода засега се наоѓаат на четвртото
место на табелата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×