Репрезентацијата на Македонија на ждрепка ќе ги дознае ривалите во квалификациите за Светското првнество кое во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Нашите фудбалери ривалите ги чекаат од третиот шешир и поради тоа нема да може да игра со останатите тимови од оваа конкуренција. Од најсилната група ќе добие еден ривал, а и во вториот шешир има незгодни имиња.
- Шешири пред ждрепката за квалификациите за СП:
Шешир 1: Франција, Шпанија, Англија, Белгија, Холандија, Португалија, Италија, Германија, Хрватска, Швајцарија, Данска, Австрија
Шешир 2: Украина, Турција, Полска, Шведска, Велс, Унгарија, Србија, Словачка, Романија, Норвешка, Грција
Шешир 3: Шкотска, Словенија, Македонија, Ирска, Финска, Албанија, Грузија, Исланд, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Израел, Чешка
Шешир 4: Бугарија, Фарски Острови, Ерменија, Белорусија, Косово, Казахстан, Азербејџан, Естонија, Кипар, Литванија, Летонија, Финска
Шешир 5: Молдавија, Андора, Малта, Гибралтар, Лихтенштајн, Сан Марино
Извлекувањето е закажано за точно напладне во 12:00 часот.
Пласман на Светското првенство ќе обезбедат првопласираните екипи, додека второпласираните одат во бараж. Групите кои ќе имаат по пет учесници стартуваат во март следната година, а оние со по четири во септември.