Расте притисокот врз
селекторот на Италија Џанпјеро Вентура, 69 годишниот фудбалски стратег кој се
пофали дека има само два порази во изминатите две години на чело на оваа
репрезентација која му подготвува раскин на договорот.
Евентуален раскин на
договорот би му донело обештетување од 700.000 евра, барем така се шпекулира, а
како прва опција за негова замена се споменува Карло Анчелоти.
„Фудбал Италија“ го
анализираше учинокот на Вентура на клупата на Италија, а како дел од анализата
се најдоа и двата меча против Македонија во квалификациите за Мундијалот во
Русија на кој идната година нема да учествува Италија.
Во првата пресметка во
Скопје, нашите сениори беа блиску до победа, но Италијанците на крајот си
заминаа со победа од 2-3, за која „Фудбал Италија“ наведува дека Аѕурите се
извлекле во Скопје.
„Првата загриженост се
појави токму на овој натпревар, каде Италија мошне среќно се врати со три бода
од мечот против Македонија“ пишува горенаведениот медиум.
Италија прва поведе во
Скопје со голот на Белоти, следеа два гола во второто полувреме на нашата
селекција во само две минути, најнапред преку Несторовски а потоа и Хасани.
Двата гола во серија на Имобиле од кои едниот беше во финишот од средбата
донесоа три исклучително важни бодови за гостите.
Нашите сениори се чини
дека уште толку ја продлабочија кризата во италијанскиот табор со ремито во
Торино од 1-1, откако Кјелини донесе водство за домаќините, а Трајковски успеа
да извлече реми за нашиот табор.
„Вентура ја промени
формацијата во 3-4-3 за возвратната пресметка со Македонија, а над главите на
фудбалерите и селекторот се појавија свирежи откако резултатот гласеше 1-1 на
крајот“ пишува „Фудбал Италија“.
Извор: football-italia.net