Македонија до 18 години загуби од Бугарија на првиот конторлен меч во Струмица

by 24 фудбал
1 минути читање

Македонската репрезентација до 18 години загуби со 1-2 од врсниците на Бугарија на пријателскиот натпревар одигран во Струмица. Нашата селекција имаше предност од 1-0 на полувреме, во противникот ги искористи своите две прилики во продолжението и се радуваше на победа.

Во 17. минута, Македонија обезбеди предност со голот на Флори Илази. Акцијата ја започна Рочи, потоа со глава шутираше Хоџа, а одбиената топка во голот ја смести Илази.

По еден час игра, Бугарија израмни на 1-1. По корнер за противникот, лошо реагиравме во одбраната, а голот го постигна Димитар Мранков. Во 73. минута, одново не бевме доволно сконцентрирани во дефанзива и повторно по одбиена топка дозволивме удар на противникот за водство од 2-1. Мартин Пејчев беше стрелец на вториот гол за Бугарија. До крајот од мечот, селекцијата на Димитар Капинковски имаше неколку обиди за израмнување, но без резултат.

МАКЕДОНИЈА до 18 години: 1. Трајков Александар, 2. Рочи Албан, 4. Варошаноски Лука, 5. Димовски Андреј, 9. Хоџа Дитмир, 10. Ангелевски Давид, 11. Мрмачовски Јован, 14. Илази Флори, 18. Велков Бојан, 20. Танчев Иван, 23. Секирски Стефан;

Замени: 12. Трајковски Антониј, 3. Стаматоски Стефан, 6. Жаку Лорент, 7. Буцевски Дамјан, 8. Талески Габриел, 13. Марковски Павел, 15. Рамадани Муаз, 16. Мисајловски Славчо, 17. Османи Флорент, 19. Ѓерасов Матеј, 21. Марковски Иво, 24. Цека Назиф, 26. Сејменов Матеј;

Двете селекции својот втор меѓусебен контролен натпревар ќе го одиграат в сабота во бугарски Петрич.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×