Репрезентацијата на Македонија до 18 години во Струмица одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Црна Гора. На средби, селекцијата предводена од Димитар Капинковски залебележа победа со 2:1.
Во рамките на првиот контролен натпревар, нашата селекција уште по првите 45. минути со два постигнати погодоци го реши прашањето на победникот. Двоен стрелец за Македонија беше Дитмир Хоџа. Фудбалерот на Работнички во 20. минута го отвори резултатот на средбата, а во 29 минута зголеми на 2:0. Противникот во 84. минута успеа само да го намали резултатот преку Вељко Мијовиќ.
Прв контролен натпревар
Македонија – Црна Гора 2:1 (2:0);
Стрелци: (1:0 – Дитмир Хоџа 20’, 2:0 – Дитмир Хоџа 29’, 2:1 – Вељко Мијовиќ 84’)
МАКЕДОНИЈА: Александар Трајков, Кристијан Маркоски (58’ Албан Рочи), Мухамед Мустафи, Андреј Димовски (58’ Лука Варошаноски), Дамјан Буцевски (58’ Иво Марковски), Давид Ангелевски (58’ Габриел Талески), Дитмир Хоџа (90’ Фљори Иљази), Ненад Дамјановски (58’ Иван Танчев), Лорент Жаку (58’ Бојан Велков), Јован Мрмачоски (58’ Флорент Османи), Стефан Секирски (58’ Мартин Џангаровски). Селектор: Димитар Карпинковски.
ЦРНА ГОРА: Димитрије Миниќ, Петар Секуловиќ (од 84’ Стефан Делиќ), Алекса Перишиќ (од 72’ Андрија Перишиќ), Новак Фатиќ, Давид Мараш, Виктор Лесјак (од 72’ Вељко Мијовиќ), Вук Павиќевиќ (од 72’ Андреј Картал), Андрија Вукоје, Марко Поповиќ (од 57’ Вукота Кнежевиќ), Петар Јашовиќ (од 57’ Ѓорђе Фабрис), Виктор Бубања (од 57’ Јован Анѓиќ). Селектор: Ненад Вукчевиќ.
На втората контролна пресметка, видовме доста понеизвесен натпревар. Нашите млади фудбалери во 21. минута со автоголот на Новак Фатиќ поведоа со 1:0. Противникот брзо ги консолидираше своите редови и во 27. минута преку Андрија Вукоје го израмни резултатот. Стрелец на погодокот за победа на Македонија беше Иво Марковски во 49. минута од средбата.
Втор контролен натпревар
Македонија – Црна Гора 2:1 (1:1)
Стрелци: (1:0 – Новак Фатиќ (автогол) 21’, 1:1 – Андрија Вукоје 27’, 2:1 – Иво Маркоски 49’)
МАКЕДОНИЈА: Антониј Трајковски, Мартин Џангаровски (од 60. Стефан Секирски), Андреј Димовски, Габриел Талески (од 60. Давид Ангелевски), Стефан Бранковски, Иво Марковски (од 60. Јохан Зизајковски), Бојан Велков, Лука Варошаноски, Иван Танчев, Албан Рочи (од 71. Славчо Мисајловски), Фљори Иљази (од 60. Флорент Османи).Селектор: Димитар Капинковски.
Црна Гора: Един Лекиќ, Алекса Перишиќ, Новак Фатиќ (од 46. Давид Мараш), Вукота Кнежевиќ (од 73. Марко Поповиќ), Андрија Вукоје (од 46. Виктор Лељак), Ѓорѓе Фабрис (од 55. Вук Павиќевиќ), Андрија Перишиќ (од 73. Петар Секуловиќ), Андреј Картал (од 55. Виктор Бубања), Јован Анѓиќ, Вељко Мијовиќ (од 73. Петар Јашовиќ), Либурн Лазоја.
Селектор: Ненад Вукчевиќ.