Златан Ибрахимовиќ попладнево откри дека поранешниот директор на ЛА Галакси, Јован Кировски ќе биде одговорен за академијата на Милан, вклучувајќи го и вториот тим на „росонерите“, Милан Футуро.
Милан е третиот клуб од Серија А кој реши да лансира втор тим, кој ќе игра во Серија Ц во 2024/25.
Попладнево, Златан Ибрахимовиќ на новинарите им објасни како ќе фунционираат работите и откри дека Јован Кировски, кој има македонско потекло, ќе биде главен на проектот а Даниеле Бонера ќе биде тренер на вториот тим на „росонерите“.
„Кировски ќе биде главен на Милан Футуро“ – рече Ибра, кој ја има улогата на советник на сопственикот на Милан.
„Има играно за многу клубови и доаѓа од САД. Работеше во ЛА Галакси, и тој е фудбалски работник од висок профил. Тренер ќе биде Даниеле Бонера, кој има огромно искуство како фудбалер и долги години го носеше дресот на Милан“.
Тој потоа додаде: „Кировски ќе биде одговорен за растот на академијата. Ќе биде задолжен за трансфери и ќе биде одговорен за Милан Футуро и другите младински тимови. Ни беше потребен некој кој ја има истата амбиција и визија како нас. Некој кој го зборува истиот јазик како нас. Сакаме фудбалски работници од висок профил во секој оддел од клубот. Сакаме да бидеме најдобри и да дадеме се од себе“.
Јован Кировски е роден во Калифорнија како син на македонски имигранти. Фудбалската кариера главно му е во Европа, почнува во младинската школа на Манчестер јунајтед но никогаш не заигра за првиот тим на „ѓаволите“.
Потоа настапуваше за Борусија Дортмунд, Фортуна Келн, Спортинг Лисабон, Кристал Палас, Бирмингем Сити, Лос Анџелес Галакси, Колорадо Рапидс и Сан Хосе.
Кариерата ја заврши во ЛА Галакси, каде остана да работи и стана технички директор. Тој беше еден од главните виновници за трансферот на Златан Ибрахимовиќ во САД, токму во редовите на ЛА Галакси.
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.