Македонецот ја освои Турција, тамошните медиуми пишуваат: Гомис во Галатасарај, Јаховиќ во Гезтепе! (ФОТО)

by
4 минути читање

Гезтепе е најпријатното изненадување во елитната
Суперлига на Турција, тимот од Измир се смести на третото место на табелата по
само шест одиграни кола, има фантастичен учинок од четири победи и по едно реми
и пораз, па со 13 бодови е веднаш зад Галатасарај (16) и Бешикташ (13).

Но, сее така лесно во тимот кој во своите редови го има
македонскиот напаѓач, 30 годишниот Адис Јаховиќ, кој се чини дека донесе
одлична одлука ова лето да остане во клубот и покрај големиот број понуди на
негова адреса.

Македонецот во шест кола во Суперлигата на Турција
постигна исто толку и погодоци, па се наоѓа на третото место на листата на
стрелци, зад Французинот од редовите на Галатасарај, Бафетемби Гомис, односно
Бурак Јилмаз од Трабзонспор кои се на делба на првото место со по седум
погодоци.

На поранешниот напаѓач на Лион, Олимпик Марсеј и Свонси,
Гомис, му оди одлично во новата средина, а истото важи и за Јилмаз кој е
одличен во Трабзон, а да се биде во друштво на овие напаѓачи, веројатно
претставува голема чест а воедно и мотивација за нашиот фудбалер.

Јаховиќ вчера постигна хет-трик во победата од 2-3 на
Гезтепе во гостувањето кај Сиваспор, нашиот фудбалер најнапред почна со автогол
за водство на домаќините, а потоа возврати со хет-трик во мрежата на
домаќините, па еве како тамошните медиуми го пренесоа фантастичното издание на
Македонецот.

По цели 14 години Гезтепе повторно дел од елитата, тимот
се развива на фантастичен начин, има одлична поддршка од своите фанови,
Македонскиот фудбалер Адис Јаховиќ е најважната фигура во составот на жолтите
кои освоија 13 поени од шест натпревари и се најдоа на третото место. Јаховиќ
автоголот го „компензираше“ со хет-трик, 30 годишниот фудбалер даде порака со
ова дека ќе ги задржи куферите во Измир за подолг период со своите погодоци

пишува „Јенишафак“

 

Гезтепе неприкосновен, Јаховиќ е главниот“ пишува во
својот наслов „Хуријет“.

 

Гезтепе излезе како победник против Сиваспор
благодарение на Јаховиќ“ пишува во својот наслов „Споркс
“ кој притоа додава
дека победата на тимот од Измир дошла по хет-трикот на нашиот фудбалер.

Гомис во Галатасарај, Адис Јаховиќ во Гезтепе“ пишува „Аксам“
во својот наслов кој во веста додава „Адис Јаховиќ гази се пред себе во дресот
на Гезтепе, Македонскиот напаѓач стана играч на мечот постигнувајќи 4 погодоци
во Сивас, но еден од тие беше автогол“.

Адис Јаховиќ ја освојува Суперлигата“ вели насловот на
веста на „Стар“.

 

Јаховиќ фасцинираше со своите перформанси“ вели „Аспор“,
„Двата фудбалери кои се истакнаа во првенството досега се Гомис и Бурак, како и
ѕвездата на Гезтепе, Јаховиќ
“ додава истиот медиум.

 

Фото-вест: aksam.com.tr

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани