На Гезтепе му оди одлично во Суперлигата на Турција, каде
влезе токму оваа сезона, и тоа благодарение на нашиот 30 годишен напаѓач Адис
Јаховиќ, кој блеска и во новата сезона, предводејќи го тимот од Измир до 13
бода од седум одиграни кола во тамошниот шампионат.
Гезтепе е на четвртото место на табелата во Суперлигата
на Турција, заостанува само шест бода зад лидерот Галатасарај, но нашиот
напаѓач Јаховиќ е на врвот на листата на стрелците, поточно го дели заедно со
неколку ѕвезди во тамошниот шампионат.
Дури четворица се на делба на првото место на листата на
стрелците со по седум погодоци, Бафетимби Гомис (Галатасарај), Вагнер Лав (Аланија),
Бурак Јилмаз (Трабзон) и нашиот Адис Јаховиќ.
Она што е интересно, статистистички Гезтепе доби најмногу
удари од белата точка, вкупно четири, е истите во гол ги претвори македонскиот
напаѓач кој и денес во сумирањето на редовното коло се најде во фокусот на
повеќето медиуми во Турција.
„Многу ѕвезди ја предводат листата на стрелците, засега
четворица постигнаа по седум погодоци, и тоа Адис Јаховиќ од Гезтепе, Бафетимби
Гомис од Галатасарај, Бурак Јилмаз од Трабзонспор и Вагнер Лав од Аланијаспор“ пишува
„АА“.
Тоа што е исто така интересно е фактот што по цели 16
сезони е срушен еден рекорд во Суперлигата на Турција, вкупно 209 погодоци се
постигнати во седумте кола засега, дополнително вреди да се издвои и фактот што
на сите 63 натпревари кои се одиграа досега беа постигнати погодоци.
„Милијет“ пак, во денешното издание во фокусот го стави
токму нашиот фудбалер, а во голема мера говореше и за најпријатното
изненадување засега во Суперлигата на Турција, неговиот тим, Гезтепе од Измир.
Извор: milliyet.com.tr
Истиот медиум пренесе и за повикот кој го доби Јаховиќ во
селекцијата на Македонија, за двата претстојни квалификациски меча најнапред на
гостувањето кај Италија, а потоа и дуелот со Лихтенштајн на домашен терен.
Инаку Јаховиќ погоди и во неделниот пораз на својот тим
пред своја публика од Истанбул Башакшехир, и тоа од пенал за ублажување на
поразот на 1-2 во самиот финиш на средбата.
Фото-вест: aa.com.tr