Македонците стрелаат во Полска: Голови на Костадинов и Чурлинов! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Одличен ден имаат македонските интернационалци во полската Екстракласа. Двајцата претставници Тихомир Костадинов и Дарко Чурлинов погодуваа за своите тимови.

Костадинов беше стрелец во победата на неговиот Пиаст над екипата на Погон од 2-1. Македонецот ја казни грешката на домашниот голман и одбрана, па погоди за 1-0 во 25. минута од средбата.

  • Голот на Тихомир Костадинов за Пиаст:

Слично беше и со Дарко Чурлинов, но тој во 40. минута од првиот дел го постигна првиот гол на Јагиелонија на гостувањето кај Легија (0-1).

  • Голот на Дарко Чурлинов за Јагиелонија:

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани