Навивачите тераат мајтап на социјалните мрежи откако Баер Лервекузен вчера го елиминираше Баерн Минхен во Купот на Германија, а Хари Кејн остана без уште една можност за трофеј.
Кога Хари Кејн летото во 2023 се пресели во Баерн Минхен, многумина сметаа дека напаѓачот конечно ќе ја прекине црната серија и ќе се радува на својот прв трофеј.
Сепак, „баварците“ имаа сезона за заборав, потфрлија во сите натпреварувања и за прв пат по 12 години не освоија ниту еден трофеј.
Хари Кејн сега повторно е хит на социјалните мрежи и покрај тоа што е повреден и веројатно годината за него е завршена.
Навивачите решија да тераат мајтап на социјалните мрежи откако Баерн Минхен синоќа неочекувано беше елиминиран од Баер Леверкузен во Купот на Германија. Мануел Нојер го заработи својот прв црвен картон во кариерата, гостите знаеа како да ја искористат бројчaната предност и да слават со 0-1 на „Алианц Арена“.
Па се појавија многу зајадливи коментари од типот на „Кејн е малер“ или „Клетвата Хари Кејн е вистинска“ или „Хери Кејн го претвори Баерн во Тотнем“.
По крајот на натпреварот, Винсент Компани изрази разочарување од поразот, но порача дека сигурно ќе освојат трофеј во иднина доколку продолжат по овој пат.
„Секако дeка имаме горчина по елиминацијата. Црениот картон влијаеше врз текот на натпреварот, но момците покажаа карактер и одиграа навистина добро. Жал ми е што сме елиминирани и нема поправен. Но начинот на кои работиме и одиме напред, верувам дека ќе ни донесе многу победи. Можеби нема да ја освоиме титулата оваа година, но сигурен сум дека ќе освоиме многу титули во иднина доколку продолжиме вака“ – вели тренерот на Баерн Минхен.