144
Второ реми за
Палермо на стартот од новата сезона, вечерва тимот на нашите Илија Несторовски
и Александар Трајковски одигра 2-2 против Кремонезе на „Барбера“.
Домаќините
поведоа со голот на Александар Трајковски но потоа се спасуваа од пораз во
финишот од мечот. Македонецот во 26. минута мајсторски биеше од врвот на
шеснаесетникот, топката заврши во аголот под пречката за 1-0.
Гостите преку Стрефеца
во 64. минута изедначија на 1-1, а Могос во 82. донесе комплетен пресврт и
предност од 1-2.
Мацота во 88.
минута сепак се погрижи Палермо да освои бод.