Мајсторите за нерешени први го запреа Јувентус!

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Верона направија голем подвиг и ремизираа против Јувентус (1-1) во рамките на четвртото коло на Серија А.

Натпреварот на „Марк Антонио Бентегоди“ заврши без победник, а ова беше прва средба на која „старата дама“ не слави од стартот на сезоната. Од друга страна, Верона докажа повторно дека досега е мајстор за нерешени бидејќи ги има три од четирите средби.

Во овој натпревар Јувентус дојде веројатно преморен, по минатонеделното лудо Дерби на Италија против Интер кое го добија со 4-3, а потоа и ремито во Лигата на шампионите со Борусија Дортмунд со 4-4.

И покрај тоа избраниците на Игор Тудор поведоа со голот на Франциско Консеисао во 19. минута од средбата. До полувремето Верона успеа да се врати резултатски. Домаќинот доби пенал, одговорноста ја презеде Орбан и реализира за 1-1, резултат кој подоцна се испостави како конечен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×