Манчестер
јунајтед доби противник по мерка во четфртфиналето од англискиот „Лига Куп“,
откако синоќа во осминафиналето славеше на гостувањето кај Челси со 1-2, а во
наредната рунда од тоа натпреварување ќе ги одмери силите со Колчестер.
Посебно шоу на „Стемфорд
Бриџ“ имаше неверојатниот Маркус Рашфорд кој ги постигна обата погодоци за „Црвените
ѓаволи“, во првиот, водечки гол за гостите барем за момент го „скрши мразот“
погодувајќи од белата точка, ако се земе во предвид дека има доста лоша
статистика од пеналите, а вториот гол беше мајсторија.
Напаѓачот на
Манчестер јунајтед биеше од слободен удар, и тоа од поголема далечина, а како
што многумина кои веќе го видоа погодокот велат дека тој е во стилот на
Кристијано Роналдо, имаме можност истиот да го проследиме со снимка од
трибинскиот простор каде беа сместени гостинските навивачи.
class="twitter-tweet" data-lang="en">
Истовремено
камерите ја уловија и реакцијата на соиграчите на Рашфорд, Марсијал и Вилијамс,
едниот беше во неверување и се чудеше што се случи, другиот се фати за глава…
class="twitter-tweet" data-lang="en">