Мајсторијата на Пандев која го „легна“ на земја голманот на Украина (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Македонија нема
што да жали, настапот на Европското првенство е искуство плус за тоа што
претстои во иднина, а избраниците на Игор Ангеловски дадоа се
од себе да дојдат барем до бод од мечот со
Украина, меѓутоа следеше нов пораз со 2-1, по оној од Австрија во првото коло
со 3-1.

Освен одбранетиот
пенал на Столе Димитриевски (видеоТУКА), од неколкуте добри ситуации за нашата
најдобра фудбалска репрезентација од денешниот меч секако ќе го издвоиме и
потегот на Горан Пандев кој дојде до одлична шанса за гол, успеа на вистински
начин да го „матира“ голманот на Украина, Бушчан меѓутоа и покрај одличната
реализација со полу-лоб, на крајот оваа мајсторија од гол за жал беше поништена
поради претходен офсајд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×