108
Монако славеше со 2-0 на домашен терен против Сент Етјен во синоќешниот меч и ја завери титулата
во француската Лига 1. Со тоа, Монако е шампион на Франција по цели 17 години,
откако последниот шампионски трофеј го подигна во 2000. година.
Мечот на
резултатски план го отвори Мбапе, додека конечните 2-0 ги постави Жермен.
Првиот гол на 18
годишниот суперталентиран фудбалер беше вистинско ремек дело. Откако доби употреблива топка, изби сам пред
противничкиот голман и во манирите на расен стрелец најнапред го исфрли од игра
со фантастичен дриблинг за потоа и да погоди во мрежата од голот.