510
Интер со 3-2 беше подобар во дербито против Милан, во
рамките на осмото коло од италијанската Серија А.
Херој во победата на Интер беше Аргентинецот Мауро Икарди
кој синоќа постигна хет-трик со што го набилда својот учинок на девет гола
засега, со што заостанува со два гола зад Имобиле, односно еден зад Дибала на
листата на стрелците во Серија А.
Од сите три погодоци на офанзивецот најмногу внимание
привлече неговиот полуволеј во 62. минута за водство на Интер од 2-1.