74
Полска се
зацврсти на првата позиција во Групата Е откако вечерва со 1-2 славеше во
Подгорица.
Резултатот беше
отворен во 40. минута од средбата, Роберт Левандовски мајсторски биеше од
слободен удар за 0-1.
Домаќините
изедначија во 63. минута преку Мугоса, но Пишчек донесе значајна победа за
гостите во 82. минута од средбата.
На вториот
натпревар од групата, Романија и Данска одиграа натпревар без голови.
Во Групата Ф,
Словачка со 1-3 славеше на гостувањето во Малта, а Шкотска со 1-0 пред своите
фанови го доби дуелот со Словенија.
Северна Ирска ја
победи Норвешка со 2-0 во натпревар од Групата Ц.