370
Во последното коло во Премиерлигата можеби падна најатрактивниот гол оваа сезона, Моисес Каиседо погоди од половина терен против Борнмут.
Моисес Каиседо минатото лето реши да го одбие Ливерпул и да се пресели во Челси, долго време се мачеше со формата, па често беше критикуван неговиот трансфер вреден преку 100 милиони фунти.
Но фудбалерот од средниот ред сигурно ќе се најде на насловните страни откако против Борнмут погоди атрактивно од половина терен.