154
„Старата Дама“
важеше за голем фаворит во дуелот со СПАЛ, и на домаќините им требаа
петнаесетина минути да ја затресат мрежата на гостите.
Федерико
Бернадеск беше тој кој го отвори резултатот. Италијанецот прими една топка на
работ на шаснаесетникот си ја намеси на волеј со лева и од место биеше прецизно
во аголот без да му даде шанси на голманот да мрдне.
Неколку минути
подоцна на сцена стапи Пауло Дибала, Аргентинецот изведе слободен удар од 25
метри, биеше милиметарски прецизно покрај стативата, и ако гстинскиот голман тргна на
топката, успеа само да се заплетка во мрежата.