Вчера во Катар беше организиран ревијален натпревар помеѓу ветераните на Барселона и Реал Мадрид, а Роналдињо уште еднаш покажа дека е голем мајстор на фудбалската игра и брилијантно погоди од слободен удар.
Доха синоќа беше домаќин на едно поинакво „Ел класико“, на теренот истрчаа ветераните на Барселона и Реал Мадрид.
Во натпревар на кој се одиграа две полувремиња од по 40 минути, во дресот на „каталонците“ се појавија легенди како Роналдињо, Ривалдо, Франк де Бур, Клајверт, Мендиета, Жули, Виља и Кварезма, додека пак во белиот дрес на „кралевите“ истрчаа Кларенс Сидорф, Луис Фиго, Жулио Баптиста, Фернандо Санц, Бујо, Миља, Иван Кампо, Конго и многу други.
Ревијалниот меч во регуларниот дел заврши 2-2, а Барселона потоа на пенали го доби Реал Мадрид.
Еден од најубавите моменти на натпреварот беше дело на Роналдињо, кој уште еднаш покажа дека е голем мајстор на фудбалската игра и брилијантно ја затресе мрежата од слободен удар. Бразилецот биеше од врвот на шеснаесетникот, го префрли живиот ѕид и погоди во аголот.
Ваков удар сигурно ќе беше гол и на нормален натпревар.
He's still got it 🤭✨@10Ronaldinho pic.twitter.com/a7cLxFRdCG
— FC Barcelona (@FCBarcelona) November 29, 2024
𝗘𝗹 𝗖𝗹𝗮́𝘀𝗶𝗰𝗼 𝗛𝗶𝗴𝗵𝗹𝗶𝗴𝗵𝘁𝘀
— FC Barcelona (@FCBarcelona) November 29, 2024
2️⃣ (4) Barça Legends
2️⃣ (2) Real Madrid pic.twitter.com/czCIt3eRY8