Мајорка го суспендираше Дани Родригез и му ја одзеде капитенската лента по натпреварот против Реал Мадрид во Ла Лига.
Капитенот на тимот од Балеарските острови на Инстаграм се пожали бидејќи не доби шанса да игра на гостувањето кај Реал во Мадрид. Неговото семејство допатува на трибините, а тој сакал да го видат како ќе заигра на Сантијаго Бернабеу.
Откако го направи тоа, клубот го казни и суспендира притоа му ја одзеде и лентата.
„Важна лекција и совет за нив: Никогаш немојте да очекувате ништо од другите, особено во денешно време на медиокритети кога нема почит за напорната работа. Не очекувајте ништо за возврат, сè правите сами.
Она што не можам да прифатам е недостигот на почит кон обврските и посветеноста. Боли кога играч кој само што дошол, одработел еден тренинг и добие шанса да игра пред оние кои се тука со години и ги бранат овие бои за кои е дадена пот и посветеност и секогаш го ставаат клубот на прво место. Кога нешто вакво ќе се случи, тоа да ва лоша порака кон соблекувалната – работата, посветеноста и посветеноста не се важни. Тоа ме разлути“, кажа Родригез.