Мајкл Керик ќе има пеколно тешко деби на клупата на Манчестер Јунајтед!

by 24 фудбал
0 минути читање

Манчестер Јунајтед официјално го промовираше Мајкл Керик за привремен менаџер, а поранешниот англиски репрезентативец веднаш ќе се соочи со сериозен предизвик.

Дебито на Керик на клупата на „црвените ѓаволи“ ќе биде градското дерби против Манчестер Сити, закажано за 17 јануари на „Олд Трафорд“.

Керик ќе има поддршка од стручниот штаб составен од Стив Холанд, Џонатан Вудгејт, Џони Еванс и Тревис Бинион. Договорот предвидува тој да го води Јунајтед до крајот на сезоната, во која клубот настапува исклучиво во Премиер лигата.

По 21 одиграно коло, Манчестер Јунајтед се наоѓа на седмото место на табелата со 32 бодови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×