471
Милан се обидува да го ангажира Адриен Рабио, но „росонерите“ имаат проблем – мајката на фудбалерот го блокира трансферот.
Макс Алегри е голем фан на играта на Адриен Рабио, па Милан прави обиди да му ја исполни желбата на тренерот и да го донесе Французинот на Сан Сиро.
„Росонерите“ се подготвени на маса да стават договор тежок 5-6 милиони евра но имаат проблем – мајката на фудбалерот го блокира трансферот.
Милан во моментов преговара со посредници и сака да закаже средба со Вероник Рабио за лично да и биде презентиран проектот и финансискиот дел од предлогот.
Но таа во моментов одбива да седне на маса, и како што пренесува Газета дело Спорот, преферира нејзиниот син да остане во Марсеј.