Мајк Мењан блесна во Торино, погледнете ја лудата одбрана од друг агол (ФОТО+ВИДЕО)

by 24 фудбал
0 минути читање

Фудбалерите на Јувентус и Милан одиграа натпревар без голови (0-0) во рамките на шестото коло на Серија А.

„Росонерите“ беа поблизу до победата бидејќи имаа повеќе шанси и промашен пенал, ама најголемата можност ја имаше домашниот тим во Торино. На стартот на второто полувреме се истакна голманот Мајк Мењан.

Французинот имаше неверојатна интервенција, спречувајќи го Федерико Гати да погоди од само неколку метри. Мењан со атрактивна и рефлексна парада се фрли и го спречи противникот да реализира.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×