Веројатно тешко
би било за очекување, барем за оние кои добро го познаваат карактерот на Мајк
Дин, да поверуваат дека тој е судија кој синоќа го забележа 100тиот црвен
картон кој го поделил на натпреварите каде ја делел правдата.
Дин важи за еден
од најинтересите фудбалски арбитри, често знае на големо да ги насмее
учесниците на натпреварите, како и оние кои се вон терените.
Со исклучувањето
кое синоќа му го додели на Ешли Јанг во поразот на Манчестер јунајтед кај
Вулверхемптон, Дин запиша бројка од 100 црвени картони во Премиерлигата, а тоа
е најголемата бројка на еден судија во најсилниот фудбалски шампионат на
Островот.
Првото
исклучување на Дин во неговата кариера беше доделено на Нолберто Солано од
Њукасл, во пресметката со Ипсвич во 2001. година, а на социјалните мрежи, со
оглед на тоа што Дин важи за една доста интересна особа како што претходно
споменавме, се појавија низа шеги по неговиот голем „јубилеј“, па ние ќе издвоиме некои од нив:
class="twitter-tweet" data-lang="en">
„Јас дефинитивно
би ја купил видео касетата „100-те црвени картони на Мајк Дин“.
class="twitter-tweet" data-lang="en">
„Мајк Дин: 100 црвени картони во Премиерлигата, Ешли
Јанг ја има честа“.
class="twitter-tweet" data-lang="en">
„Мајк Дин успеа,
го одбележа својот век. 100 црвени картони и сеуште не е аут“.
class="twitter-tweet" data-lang="en">
„Илјадници
спомени, 100 црвени картони *Ти благодариме Мајк“.
class="twitter-tweet" data-lang="en">
„Првиот судија
кој доделил 100 црвени картони во Премиерлигата. Ова е светот на Мајк Дин, во
кои сите ние живееме…“.