340
Медиумите од
Парагвај оваа недела пишуваа дека затворениците се „тепаат“ за Роналдињо, и Бразилецот
има многу понуди да настапи на турнир во мал фудбал. Тие исто така му поставиле
услов, доколку прифати да игра, не смее да постигнува голови.
Денеска пристигна
информација дека популарниот Дињо веќе го имал свото деби, но извештаите се
конфликтни. Едни велат дека Бразилецот го освоил турнирот, додека пак други пишуваат дека одиграл само „пријателски“ меч.
Поранешниот ас на
ПСЖ, Барселона и Милан морал да позајми патики од еден полицаец, но и во вакви
услови, тој ја покажал својата магија, постигнал пет гола, забележал шест
асистенции, а неговиот тим победил со 11-2.