Магија на Азар за три бода на Челси против Вест Хем (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Челси освои три многу значајни бодови во лондонскиот дуел против Вест Хем, Еден Азар беше јунакот на мечот, тој ги постигна и двата гола.

Во 24. минута Азар имаше маестрален слалом, помина неколку фудбалери и ја смести топката во мрежата на Вест Хем. Ова веројатно беше и неговиот најдобар гол оваа сезона.

Долго време резултатот беше 1-0, во 90. минута по асистенција на Баркли, Азар даде уште еден гол поставувајќи ги конечните 2-0.

По оваа победа Челси скокна на третата позиција со 66 бода, но конкурентите за топ четири имаат по меч помалку, Тотнем има 64 бода, Арсенал 63 и Манчестер јунајтед 61 бод.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×