250
Македонскиот младински репрезентативец, Матеј Гаштаров постигна фантастичен гол за младинците на Црвена звезда во победата над Ушче од 6-0.
19-годишниот Гаштаров погоди од далечина во 18. минута, коментарот на ТВ каналот на Звезда видно се возбуди од погодокот на Македонецот.
Гаштаров е репрезентативец на Македонија У21, а од 2024 е член на Црвена звезда. Настапува за младинскиот тим на црвено-белите.