Маестраелн погодок на Емре Џан за важна победа на Ливерпул (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Ливерпул е на добар пат да обезбеди пласман во топ четири откако со три бода се враќа од гостувањето кај Ватфорд.

Клучниот момент се случи во судиското продолжение од првото полувреме кога по асистенција на Леива, Емре Џан прекрасно со ножички постигна гол за водство од 1-0 кое значеше и победа за Ливерпул.

Црна точка во победата на Ливерпул на овој меч беше повредата на Филипе Кутињо кој по 13 минути игра мораше да го напушти теренот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани