Мадридски АС го стави Мбапе на насловна, од Франција им порачаа: Продолжете да сонувате! (ФОТО)

by
1 минути читање

Реал Мадрид се
уште има шанси да го купи Килијан Мбапе пред да се затвори трансфер пазарот, ова
го пренесе денешното издание на АС. Слично како и вчерашната сторија на „Ел
Чирингито“, мадридскиот весник вели дека позајмицата на Французинот истекува
следната недела, и ПСЖ ќе мора на Монако да му искешира 180 милиони евра.

„Светците“ сепак
се под истрага од УЕФА, и доколку се утврди дека тие ги прекршиле правилата за
Финансиски фер плеј, ќе немаат пари за комплетирање на зделката.

АС вели дека ПСЖ со
трансферот на Килијан Мбапе ќе прекрши две правила, односно лимитот за плата,
како и балансот на приходите и расходите, па или ќе бидат приморани да го
продадат Французинот или пак да го вратат на Монако.

Со оглед на тоа
дека трансфер пазарот во Италија и Англија е затворен, Реал Мадрид е
единствениот кој има финансиска моќ да го купи Килијан Мбапе и Флорентино Перез
е подготвен да реагира доколку се укаже шанса. АС додава дека УЕФА на 30.
август треба да ја соопшти пресуда и тоа значи дека евентуалната „бомба“ ќе пукне на 31. август, последниот ден од продниот рок.

Веста на АС
привлече внимание ширум цела Европа, особено во Франција. Но таму медиумите не
се убедени во она што го пишува мадридскиот весник, појаснуваат дека
позајмицата на Килијан Мбапе во ПСЖ завршила на 30. јуни и „Светците“ многу поодамна ја искористиле опцијата во целост да го купат
играчот.

Тие велат дека во Мадрид можат да продолжат да сонуваат, но Мбапе и оваа сезона ќе го носи дресот
на ПСЖ.

Останува да се
види каква ќе биде иднината на напаѓачот, и дали шампионот на Европа ќе има шанси да
стигне до неговиот потпис или играчот ќе остане само пуста желба на Флорентино Перез и
медиумите блиски до Реал.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×