Мачката Ахил долго се колебаше, еве кого на крајот го одбра за победник на дуелот помеѓу Нигерија и Аргентина (ФОТО)

by
1 минути читање

Ако се верува на
прогнозата на Ахил, Аргентина вечерва ќе се збогува со Светското првенство а
Нигерија ќе игра во осминафинале.

На белата глува мачка од музејот Ермитаж во Санкт Петебург денеска и беа
понудени две чинии со храна, а по долго двоумење на крајот таа ја одбра онаа со
знаменцето на „Супер орлите“.

Иако ова е само забава, „Гаучосите“ можат да бидат загрижени бидејќи Ахил
до сега има 100% учинок, погоди дека Русија ќе ги добие дуелите со Саудиска
Арабија и Египет, дека Иран ќе триумфира над Мароко и дека Бразил ќе слави
против Костарика.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани