145
Дисциплинската комисија
при Европската куќа на фудбалот го казни минатогодишниот првак на Турција,
Бешикташ со 34 илјади евра поради пропустот кој го имаше на организациски план
во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Во реваншот
против минхенски Баерн каде се’ беше јасно уште по првиот меч, англискиот арбитар Мајкл Оливер ја прекина
средбата во Истанбул во второто полувреме, а причината беше поради тоа што на
теренот се појави мачка.
Покрај таа
причина, се наведува уште и блокирани влезови на трибинскиот простор, како и
однесувањето на навивачите кои фрлаа разни предмети на теренот.