Лацио славеше со убедливи 1-5 на гостувањето кај Комо, Рома со 1-0 го совлада Торино, а и Фиорентина стигна до минимална победа на гостувањето кај Џенова.
Мацители го постигна голот на колото во Серија А, но ќе има малку аир од ова откако Комо дома загуби од Лацио со убедливи 1-5.
Кастиљенос и Педро во период од три минути ги донесе „бјанкочелестите“ во водство од 0-2, а Мацители атрактивно погоди со акробатски удар од тесен агол и ја врати неизвесноата во 53. минута од мечот.
Но домаќините за брзо време капитулираа по трет пат, Патрик по еден прекин реализираше за 1-3, за до крајот на мечот Кастељанос да погоди по втор пат за 1-4, а Чуана да ги постави конечните 1-5 во 95. минута.
Рома со голот на Дибала стигна до триумф од 1-0 над Торино, додека пак Фиорентина со истиот резултат ги однесе трите бода на гостувањето кај Џенова.