Звучи неверојатно: Maлку фалело Ибрахимовиќ да биде претепан во Милан

by Стефан
1 минути читање

Златан Ибрахимовиќ додека играше на терените важеше за еден од физички најподготвените фудбалери, па затоа и неверојатно звучи раскажувањето на Бразилецоцт Алесандро Пато за корпулентниот Швеѓанец.

Пато раскажа како Ибрахимовиќ за малку ќе бил претепан од Огучи Ониеву во 2011 година. Се започнало поради еден остарт старт на Ибрахимовиќ.

„Ониеву продолжи да игра. Го нагази Ибрахимовиќ, но можеше да се види дека нема намера да го повреди сакаше да дојде до топката. Златан во еден момент застана и сите видовме како се затрчува кон Ониеву и стартува со две нозе за да го повреди. Ониеву навистина беше добар дечко, со големо срце.

Ибрахимовиќ стана и се обиде да го фати за дрес за повторно да го сруши. Но, Огучи го совлада со неверојатна леснотија иако Ибра е огромен. Скокна врз него и се спремаше да го удри. Сите почнавме да викаме: „Застани, застани! Ќе го убиеш!““, раскажа Пато.

Aмериканскиот фудбалер за Милан играше од 2009 до 2011 година, додека Ибрахимовиќ и денес е во таборот на „росонерите“ во друга улога.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани