Mилевски: Кај овие момци никогаш не била важна клупската форма, ако гледам така…

by Стефан
2 минути читање

По ремито со Фарски Острови (1-1), репрезентацијата на Македонија ќе се судри со Ерменија во второто коло на Лигата на нациите. Пресметката во Скопје е многу важна, а во неа императив е победата.

Пред утрешниот натпревар со Ерменија прес-конференција денеска одржа селекторот Благоја Милевски.

Ментално ништо не е сменето, познавајќи ги моите фудбалери тие се подготвени за секој нов предизвик. Напоменав дека по Фарски нема разочарување, но без потценување на Летонија и Фарски Острови, директните дуели со Ерменија ќе го одлучат победникот во групата. На првиот меч одигравме 1-1, тоа е зад нас, сите мисли се на тоа што нè очекува утре и Ерменија како противник. Секогаш Македонија се прашувала за тоа што ќе се случува на теренот, без разлика дали играме против Италија, Англија, Украина… Нашата улога секогаш е важна, од нас самите зависи во кој правец ќе се движи натпреварот. Сето она што се одвиваше во Торшавн и нашата доминација, особено реакцијата на фудбалерите, не можам да замерам освен на реализацијата и во одреден период агресивноста. Не бев задоволен од два сегменти, емоциите и завршницата. Секогаш има притисок, дали е прво или последно коло. Очекувањата од јавнсота и нас самите се оправдани. Познавајќи ги моите фудбалери, ментално се силни и способни се да се вратат на победничкиот колосек.

Што се однесува до натпреварувачката форма , фудбалерите според мене тие што се на овој собир се најдобри во моментот. Ако барам натпреварувачка форма, треба да останеме без 70% од лидерите на тимот. Околу тоа кој ќе настапува, тоа е лично моја одлука. Секогаш кој и да дојде го дава својот максимум. Кај овие момци никогаш не била клучна клупската форма со тоа дали можат да го дадат максимумот. Го познавам индивидуалниот квалитет на играчите, а според тоа се ориентирам при повиците. Се работи и на психолошкиот аспект по мечот со Фарските Острови. На физички план не можеме многу да подобриме, па работиме на тактичкиот дел. Сигурен сум дека ќе одиграме победнички, бидејќи секогаш кога сме биле под притисок овие момци и тоа како знаеле да се покажат на најдобар начин“, изјави Милевски.

Натпреварот со Ерменците е закажан за во терминот од 20:45 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани