272
Во рамките од 35. коло eкипата на Милан во натпревар со шест гола ремизираше против Џенова 3:3.
По само пет минути игра Џенова доби пенал кој во гол го претвори Ретегуи. Водството на гостинскиот состав беше актуелно се до завршницата од првиот дел кога Флоренци донесе изедначување.
Слично како и во првиот дел Џенова во второто погоди по три минути игра. Стрелец беше Екубан. Успеа Милан да направи пресврт со двата брзи гола во три минути, 72. и 75. минута на Габиа и Жиру, меѓутоа не го задржа водството за да ги освои трите бода.
Во финишот од средбата Џенова со голот на Тао Малик во 87. минута Џенова дојде до бод.
На табелата Милан со овој бод дојде до 71 на втората позиција, додека Џенова е 12. со 43.