Лутиот Пеп ги натерал ѕвездите на Сити да ги гледаат грешките против Фулам

by
1 минути читање

Манчестер Сити
оствари убедлива победа од 3-0 против Фулам во рамките на петтото редовно коло
од англиската Премиерлига, но, и покрај тој триумф на бранителот на титулата во
тој шампионат, шефот на стручниот штаб на Граѓаните, Пеп Гвардиола не бил
задоволен од изданието на неговите фудбалери.

Сити имаше доминација
во мечот кој го одигра пред своја публика, но, Гвардиола не е импресиониран
поради грешките во играта на неговите избраници, па го истурил својот бес врз
нив и ги натерал да ги гледаат сите грешки од мечот.

Мојата реакција
и моето изразување е кога тие ќе промашат едноставни работи, со тоа, едноставно
не можам да се помирам
“ рече Гвардиола чиј тим засега нема пораз, има четири
победи и едно реми.

Зборувавме многу
пати околу промашувањата од чисти позиции, или асистирањето и дриблањето. Еден
на еден, двајца на еден и на крајот се губи топката со дриблање, сеедно. Но, да
се контролира топката и да се упатува пасови на едноставен начин. Лут сум,
вознемирен сум и моите фудбалери го знаат тоа
“ додаде шпанскиот стратег.

Гвардиола знае
дека нема да биде лесна битката за одбраната на титулата во Премиерлигата,
особено не по импресивниот старт во новата сезона кој го имаат Челси и Ливерпул
кои имаат максимален ефект од бодови, односно, пет од пет.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×