169
Андриј Лунин реши да му остане верен на Реал Мадрид, голманот денеска стави потпис на нов договор до јуни 2030 година.
Андриј Лунин повторно е само резерва откако Тибо Куртоа целосно се опорави од тешката повреда, па Украинецот размислуваше за заминување од Бернабеу и тоа како слободен играч откако ќе му заврши договорот во јуни 2025 година.
Голманот сепак на крајот реши да му остане верен на Реал Мадрид и доби договор каков што има само уште еден фудбалер.
Андриј Лунин денеска се обврза на соработка до 2030 година, договор до 2030 година има само уште Ендрик.