Адемола Лукман не реализираше пенал на мечот меѓу Аталанта и Клуб Бриж, па тренерот Џанпјеро Гасперини распука по него велејќи дека тој не требало да шутира.
Гасперини рече дека Лукман е еден од најлошите изведувачи на пенали кои ги видел во животот и дека не требало да го изведе пеналот. Ретеги и Де Кетеларе се тие кои треба да ги шутираат ударите од белата точка.
Фудбалерот се наулити од ваквата остра реакција на Гаспреини и му одговори.
„Не сум среќен што на ваков ден морам да ја напишам оваа изјава, најмногу поради тоа што го постигнавме заедно како тим и како град. Не само што сум повреден, туку чувствувам и големо непочитување кон мене, а работам напорно и посветено, секогаш се вложувам за да му донесам успех на клубот и неверојатните навивачи од Бегамо. За време на мечот одредениот изведувач на пенали ми рече јас да го изведам пеналот, па ја преземав одговорноста. Животот е полн со предизвици и претворање на болката во моќ, тоа ќе продолжам да го правам“, рече Лукман.