Адемола Лукман денеска не се појави на тренинг и само ја продлабочи војната со Аталанта, фудбалерот се бунтува со цел да изнуди трансфер во редовите на Интер.
Адемола Лукман синоќа се огласи на социјалните мрежи и соопшти дека доставил формално барање за трансфер.
Тој посочи дека се решил на еден ваков чекор поради тоа што немал друг избор и не биле исполнети одредени ветувања.
Напаѓачот очигледно сака по секоја цена да се пресели во Интер, па ја продлабочи војната со Аталанта и денеска не се појави на тренинг.
Во меѓувреме, „нероаѕурите“ од Бергамо посочија дека биле поставени два услови за трансфер – прво да стигне понуда од топ клуб од Европа, и како второ, тој клуб да не биде од Италија.