Лукман достави формално барање за трансфер и ја нападна Аталанта: Неисполнети ветувања… немам друг избор

by bojan
1 минути читање
Лукман од Аталанта е топ трансфер цел на Интер за засилување на нападот

Адемола Лукман се огласи на социјалните мрежи за да соопшти дека доставил формално барање за трансфер откако Аталанта ја одби понудата на Интер вредна околу 45 милиони евра.

Интер оваа недела достави предлог вреден 42 милиони евра, плус додатни 3 милиони евра за ангажман на Адемола Лукман, и по неколку дена размислување, Аталанта реши да го одбие предлогот и да инсистира да бидат платени 50 милиони евра.

По ваквиот развој на настаните, Адемола Лукман се огласи на социјалните мрежи за да соопшти дека доставил формално барање за трансфер.

„И покрај тоа што пристигна понуда која според мене е во согласност со тоа што беше дискутирано, за жал, клубот ја блокира можноста да заминам од причини на кои не ми се јасни. Како резултат на тоа, и по многу месеци неисполнети ветувања, чувствувам дека морам да проговорам за она што е исправно“ – се вели во соопштението.

„Можам да потврдам дека и формално поднесов барање за трансферот. Поминав низ исклучително тешки моменти, многу од кои останаа приватни, и секогаш се обидував да го ставам клубот, навивачите и тимот на прво место. Се надевав дека нема да дојде нова ова, но чувствувам дека немам друг избор“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×