Реал Мадрид по
долги години ќе го погази дадениот збор и ќе купи играч од локалниот ривал
Атлетико Мадрид.
На Сантијаго
Бернабеу ова лето ќе се пресели Тео Ернандез, шампионот на Европа ќе ја плати
откупната клаузула на 19 годишниот лев бек вредна околу 24 милиони евра.
Но „Кралевите“
сакале да му нанесат дополнителен удар на Атлетико, и се обиделе да го
ангажираат и постариот брат на Тео, Лукас Ернандез.
Исто како и во
случајот на Тео, Реал бил спремен да ја активира откупната клаузула вредна околу
40 милиони евра на 21 годишниот централен дефанзивец, кој важи за еден од
најперспективните дефанзивци во Шпанија.
Но Лукас не е
предавник како брат му, тој е фан на Атлетико Мадрид и лојален следбеник на
Диего Симеоне, па одбил да се пресели во Реал.