Фудбалерот на Астон Вила, Лукас Дињ, сериозно се повреди на дуелот против Тотнем, а по мечот на социјалните мрежи објави вознемирувачка фотографија која предизвика бројни реакции.
Францускиот дефанзивец заработи повреда по еден жесток дуел со Кевин Данс, по кој судијата не досуди прекршок. Тоа дополнително го изнервира Дињ, кој во моментите на најголема фрустрација влезе и во вербална расправија со четвртиот судија.
По натпреварот, играчот на Вила се огласи на „Инстаграм“ со саркастична порака „No pain no gain“, алудирајќи дека болката е дел од играта, иако фотографијата откриваше колку сериозна е повредата.