Ромелу Лукаку го постигна својот прв гол во Серија А оваа сезона и тоа во прав момент, напаѓачот во 96. минута донесе победа за Наполи на гостувањето кај Верона.
„Наполитанците“ стигнаа до три важни бода во трката за место во Лигата на шампиони, избраниците на Конте вечерва беа на прагот на нов кикс против Верона, но Лукаку донесе триумф во 96. минута.
Гостите одлично го отворија мечот, поведоа со голот на Хојлинд по само 100 секунди игра.
Но Наполи не успеа да наметне игра во продолжението, па Акпро изедначи на 1-1 во 65. минута.
И кога се чинеше дека бодовите ќе бидат поделени и истече надополнувањето од пет минути, судијата дозволи да биде завршена акцијата, а Лукаку го постигна својот прв гол оваа сезона за 1-2 и огромна радост.
“sakat” diye veto edilip Fenerbahçeye istenmeyen Lukaku maçın son saniyesinde Napoli’yi galibiyete taşıdı. 👏👏👏
— Redondo #antikapitalistcephe (@elcazadorFB) February 28, 2026
pic.twitter.com/FhcS6s7RjH