Лукаку тврди: Емоциите на Мурињо се природни, неговото однесување е искрено

by
1 минути читање

Напаѓачот на
Манчестер јунајтед, Ромелу Лукаку го опиша неговиот тренер од тој клуб, Жозе
Мурињо, како „оној вистинскиот“ откако португалскиот фудбалски стратег имаше
емотивни реакции во неколкуте пресконференции во низа.

Тимот од Олд
Трафорд има лош старт на новата сезона во Премиерлигата, а 55 годишниот
португалски стратег се соочи со големи критики на негова адреса, по што следеше
и негов одговор.

Белгискиот
напаѓач Ромелу Лукаку застана во одбрана на својот тренер велејќи дека тој е
оној вистинскиот кој го познава, нема ништо нереално во неговото однесување
пред јавноста, тој е таков, подвлече дека емоциите не ги менува пред јавноста.

Луѓето знаат
само една негова страна, а тоа е дека е победник, но, тоа што мене најмногу ми
се допаѓа кај него е фактот што не ги лажира своите емоции, кога е лут, вие
едноставно знаете дека е лут, кога тој е среќен, го гледате дека е среќен. Не
разбирам зошто на луѓето не им се допаѓа неговото искрено однесување
“ вели
Лукаку.

Кога тој е лут
на мене, јас го знам тоа, се трудам да направам што ќе посака за повторно да
бидам среќен, нашиот однос е одличен, постојано прави фудбалерите да бидат во
едно позитивно расположение, тој е вистинска фамилијарна личност, се бори за
своите фудбалери, но, пред се
е реален. Кога не сте среќен, немате никаква потреба да ги менувате своите
емоции пред јавноста
“ подвлече Белгиецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×