Лукаку тргна „ѓаволски добро“ со новиот тим во Премиерлигата, Манчестер јунајтед го совлада Вест Хем (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Манчестер
јунајтед тргна со победа од
4-0 над Вест Хем во воведното коло од Премиерлигата, а победата не можеше да
биде подобра ако се земе во предвид дека скапото засилување за „Црвените ѓаволи“
ова лето, белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку профункционира одлично во тимот.

Белгиецот ги
доведе домаќините во водство во 33. минута, додека пак дилемите околу
победникот ги реши во 52. минута.

Печат на победата Манчестер јунајтед стави со два гола во серија во продолжението, и тоа
најнапред на џокерот од клупата на Жозе Мурињо, Мартијал во 87. минута, по само
седум минути на теренот, односно голот на Погба три минути подоцна.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани